Шоубизнис

» поопширно



Оргазмички парадокс


Од идеите на Вилјем Рајх, публицирани во првата половина на минатиот век во двете негови најважни книги "The Function of Orgasm“ и "Character Analysis“, општествената и сексуалната мисла тешко се ослободува од заблудите дека празнењето на сексуалната енергија со завршната сладострастност е единствен сигурен пат кон здравјето.

Во меѓувреме напишани се илјадници трудови и анализи на оваа тема и објавени безброј "сексуални водичи“ кои ги упатуваат мажите и жените на кој начин треба да се доживее "вистински“ оргазам, а се' со цел да се тргне "невротичниот оклоп“ од карактерот и личноста да стане способна, како што тврди Рајховиот учител Сигмунд Фројд, "да сака и работи“ - врвен услов за здравје. Многу галама и потрошени тони хартија за ништо!

Целта и користа од сексот
Целта и користа од сексот не се, според законите кои владеат во природата, единствено насочени кон уживањето на мажите и жените. Напротив, врвното уживање кое му се припишува на спојувањето на две суштества е мит. Тоа што ги интересира биологијата и природата е продолжување на видот, односно репродукцијата. Само на тој начин можат да се објаснат некои парадокси поврзани со разни аспекти на сексуалноста на двата пола. Особено со оргазмичкото сладострастие.

Непобитни факти
Сексолошките истражувања ширум светот покажуваат дека две третини од жените, без разлика на расата и верата, а во полна сила за раѓање, не доживуваат оргазам за време на сексуалните односи. Преку 20% од жените, со поголем или помал напор, сами, или со помош на партнерот или вибратори, можат да постигнат врвно сексуално задоволство. Ако коитусот е природен пат по кој повеќето жени остануваат бремени, општата присутност на оваа појава упатува на претпоставката дека вагиналниот оргазам, на некој начин и пречи на репродукцијата. Претпоставката е дека природата на најголемиот број жени во полна сила за раѓање им го ускратила задоволството на вагинално уживање затоа што, заради опстанокот на видост, не "сакала“ раѓањето да биде условено од било што. Репродукцијата, како врвен принцип на животот, мора да се одвива без ултиматуми и условувања. Меѓу останатите докази за оваа претпоставка на скептиците им ја посочуваме појавата дека и силуваните жени остануваат бремени.

Биологија
Биологијата, а на нејзина основа и општеството, во голема мера со казните (забрани, етикетирање) ја контролира женската сексуалност. Од аголот на репродукцијата жените се поважни од мажите. Бројот на деца исклучиво зависи од способноста жените да раѓаат. Ако еден маж не е способен да ја оплоди жената, "работата“ ќе ја заврши друг или трет.

Дали се мажите привилегирани?
Освен во занемарливо ретки клинички случаи, сите мажи (па дури и делумно потентните) доживуваат оргазам без проблеми. Но, како? Најверојатно природата, кога станува збор за ова прашање, си поиграла со мажите во далеку поголема мера отколку со жените. Мажите заради посилната физичка сила си дозволиле поголема општествена моќ во животот, но таквата моќ во креветот се топи како студен снег на топло сонце.

Природата, практично, и овој пат по логиката на опстанокот на видот, на сите мажи им го подарила задоволството од оргазам, но со релативно тешка цена. Преокупацијата со "предметот“ ги прави нескротливи во трката за освојување жени без оглед на нивните естетски и интелектуални способности. Во моментот кога ќе го добијат она што го барале маките исчезнуваат. Зошто маки? Затоа што сите светски истражувања на сексуалноста покажуваат дека нивната просечна издржливост од почетокот на половиот акт до ејакулаторниот оргазам практично е занемарлива. Две до три минути, а потоа следува правдање.

Природата си игра со нашето уживање
Навистина постојат мажи кои со вежбање на "закочувачкиот рефлекс“ можат долго да ја одложуваат ејакулацијата. Секако, "кочењето" на мажите ја "откочува“ емотивната неволност и скриеното или видливо незадоволство на партнерката, на која, под услов да е оргазмички способна, потребно и е во просек од петнаесет до дваесет минути за да дојде до оргазам. Голем број мажи не се во состојба без прекин да го издржат сексуалниот акт ни од тие бедни две минути. Стручните лица зборуваат за постоењето на предвремена ејакулација. Еден дел од сексолозите сметаат дека предвремената ејакулација и не е вид сексуално пореметување. Велат дека сексуалните нагони сме ги наследиле од животните, а тие работата ја завршуваат брзо со што осигуруваат потомство не војдеќи сметка за долготрајно уживање.

Значи, не си играат само луѓето со природата, туку и природата си игра со човечкото уживање.

 

 

 

Адријана Митровиќ | Кајгана
Вторник, 08.07.2008

http://www.kajgana.com/statija_1744.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com