Шоубизнис

» поопширно



Body Piercing

Во тинејџерските години многумина се одлучуваат да го украсат своето тело со пирсинг. Некогаш, тоа е желба да се изгледа поубаво, некогаш желба за истакнување, а некогаш израз на бунтовност. Но, бе разлика која е причината, и пирсингот има свои "за" и "против".

ПЛУС

Ќе се чувствувате кул во сопствената кожа, но не очекувајте на сите да им бидете кул. ПОмирете се со фактот дека за некои тоа е интересно, додека на други им е без врска. Нормално, пирсингот се прави за себе, а не за другите, нели?

МИНУС

Пирсингот може да биде навистина болен и проблематичен и долго време откако ќе се направи, при што не се исклучени шансите за штетни последици како инфекции или оштетувања на нерви.

Меѓу најопасните ризици се алергиските реакции, труење на крвта, згрутчување на крвта, оштетување на нервите и парализа.

НАЈЧЕСТИ МЕТИ НА ПИРСИНГОТ

Увото е најчеста и најтрадиционална мета за дупчење. Откако првпат ќе го продупчиш увото, треба да се носи златна обетка се додека раната не зарасне, а подоцна можеш да провериш дали си алергичен на други метали.

Третираното место треба секојдневно да се измива со алкохол, а добро би било и од аптека да се купи антибиотик во маст и да се мачка првите денови (како и кај пирсинг на нос). Важно е да се внимава за да не дојде до инфекции и гноење.

Јазик - по пирсинг на јазикот, важно е секојдневно барем два пати да се измива со вода за плакнење на уста. Првите недели треба да се избегнуваат алкохол, жешки напитоци и зачинети јадења, се додека раната не зарасне. Првите недели забранети се и бакнежи.

Папок - пирс на папокот е еден од најслатките, но е доста проблематичен и спаѓа во оние кај кои раната најтешко заздравува. Времето на заздравување може да трае и до една година.

Нос - пирсинг може да се направи на носницата или во средината на долниот дел на носот. Овде постапката е едноставна и наводно не боли (многу), меѓутоа изненадувањето знае да дојде подоцна. Проблематично е заздравувањето на раната, бидејќи носот е полн со бактерии и микроорганизми. Заборавете на пудрење на носот во тој период.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ

Истражувањата покажуваат дека еден од тројца тинејџери кои направиле пирсинг имаат здравствен проблем како последица. Најчесто засилено потење, отоци, инфекции, но и труење на крвта и сериозно крварење. Некои проблеми се толку сериозни што бараат посета на лекар.

Најзагрозени се младите од 16 до 24 години, кои дури во 31% од случаите бараат медицинска помош по ставањето пирс. Највеќе компликации се јавуваат кај пирсинг на јазикот, а следат гениталиите и брадавиците.

Уште еден загрижувачки факт е податокот дека четири од пет пирсови се направени кај овластени боди арт работилници, што значи дека 20% од луѓето се обраќаат кај оние што работат на црно, односно лица кои не се стручни.

Затоа, памет во глава. Откако ќе размислиш дали навистина сакаш пирс и се одлучиш за ваков вид на украсување на телото, направи го тоа исклучиво во овластени боди арт работилници.

 

 

Среда, 09.07.2008

http://www.kajgana.com/statija_1776.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com