Автомобилите во 2028 година,можеби нема да можат да летаат, но ќе искусиме возила кои комуницираат со сообраќајните светла и со другите возила на патот, возила кои можеш да ги контролираш со зборови, кои ја имаат потребната интелигенција за да најдат слободно место за паркирање и да се паркираат без помош на возачот.
Ќе можете да ги менувате боите и формите на вашиот автомобил во секое време. Тоа ќе биде време на нов возачки концепт целосно ослободен од емисија на штетни гасови, целосно иновативен и корисен.
Како екипата од Volkswagen гледа на тоа можете да видите од новите концепт возила за кои VW верува дека ќе ги моторизираат луѓето на иднина..
Тука се пред се непремногу футуристичкиот UP! Едноседот ONE, спортскиот купе EGO, и семејниот самоуправуачки ROOM.


Илија Шулев | Кајгана
Четврток, 10.07.2008