Научниците од Европа со нетрпение го дочекаа ставањето во целосен погон на најголемиот акцелератор на честички во светот кој треба да донесе целосно нови резултати во науката. Но, има и еден "мал" ризик.

Изградбата на акцелераторот траеше цели 14 години, а беа потрошени осум милиони долари. Со негова помош, научниците ќе можат да вршат испитувања кои досега не беа возможни, а неговата првична намена е создавање на услови кои постоеле во трилионитиот дел од секундата по самиот почеток од создавањето на вселената.
Бидејќи станува збор за проект кој ќе донесе целосно нови резултати, во јавноста се појавија претпоставки дека акцелераторот ќе може да создаде црна дупка, која би можела да биде фатална,како за самото место каде што се наоѓа акцелераторот, така и за половина Франција и Швајцарија.
Првите пробни вклучувања на акцелераторот, кој е поставен на француско-швајцарската граница, започнаа вчера. Засега не е потврден датумот кога ќе биде изведен првиот вистински експеримент, за кој постојат стравувања дека би можел да има „катаклизмични последици“, поради теореската можност акцелераторот да формира црна дупка.

Четврток, 10.07.2008