Шоубизнис

» поопширно



Брич, брич

Дали секојдневното бричење е лошо за кожата?

Не. Бричењето е секојдневна рутина за многумина и не предизвикува оштетување на кожата. Но, треба да се има на ум дека со бричењето се отстранува горниот слој на кожата, па понекогаш не е лоша идејата да се прескокне секојдневната рутина за кожата малку "да си дојде на себе".

Кога е најдобро време за бричење?

Иако многумина практикуваат да се бричат наутро, сепак најдобро е по топол туш. Топлата вода ги омекнува влакната и ги отвара порите на кожата, па бричењето е полесно, а и влакната можат да се скратат на најниско можно ниво.

Во насока на влакната или контра?

При бричење во обратна насока повредите се почести, иако на овој начин бричењето е потемелно и поефективно. Затоа, најдобро решение е најпрво да се избричите во насока на растот на влакната, а потоа - лесно и без голем притисок во обратната насока.

По бричењето лицето се плакне со ладна вода за да се затворат порите и да се намали можноста за инфекции.

Зошто бричот лесно затапува?

Одговорот лежи во погорното прашање - доколку најчесто се бричиш само во насока спротивна од растот на влакната, бричот брзо ја губи острината. За бричот да трае подолго, по секое бричење потребно е темелно да се исчистат заглавените влакненца.

Каков лосион за после бричење да се избере?

Зависно од типот на кожата. Доколку имаш сува кожа избери лосион кој ќе ја влаќни и обратно. Освен ова, постојат и некои состојки кои е добро да се избегнуваат. На прво место е алкохолот, бидејќи лосионите со алкохол ја сушат кожата и оставаат затегнато чувство. Одлични се оние кои ја влажнат кожата и оние кои се на база на алое вера.

Брич со еден или повеќе жилети?

Денес највеќе се рекламираат оние со два, три и повеќе и се сметаат за најдобри, но сепак - се зависи од тоа колку си вешт во бричењето. Бричовите со повеќе жилети ги бричат влакната сосема блиску до коренот, за разлика од оние со еден кои го прават истото само ако си доволно вешт.

 

 

Петок, 11.07.2008

http://www.kajgana.com/statija_1821.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com