Шоубизнис

» поопширно



Малдиви

Малдивите се наоѓаат на Индискиот Океан, југозападно од Шри Ланка, а претставуваат архипелаг од 1.190 корални острови, меѓу кои 26 се поголеми. 99% од нивната целосна површина која изнесува 90.000km2 е покриена со океан.

Главниот град Мале е и седиште на владата и центар на трговијата, бизнисот, здравството и образованието. Лоциран е на средината на коралниот синџир и е дом на 75.000 жители, што претставува една третина од вкупното население. Тој е еден од најмалите главни градови во светот. Различен е од останатите острови во земјата и е град (остров) на високи градби и плочни патишта, а на главните улици се распоредени продавниците.

Генерално, на овие острови има топла и влажна т.е. тропска клима. Сонцето сјае преку целата година и овозможува константни температури кои се движат помеѓу 29 и 32 целзиусови степени. Најтопол месец е април, а најладен декември. Времето најчесто го одредуваат монсуните.

Историјата открива дека овие острови се населени пред околу 3.000 години. Денес, покрај топлината, пријателството и гостољубивоста, лесно е да се почувствувате удобно и опуштено на Малдивите. Белите песочни плажи кои блескаат на сонцето, паралелно со кристално чистите лагуни можат да бидат идеално место за совршен одмор.

Џивехи е јазикот кој се зборува на сите делови од Малдивите. Англискиот не заостанува и јасно го зборуваат Малдивијците, па гостите можат лесно да се снајдат. Покрај тие два јазици, често можат да се слушнат и германскиот, францускиот, италијанскиот и јапонскиот.

Во 1989-та година, Националниот Еколошки Проект на Малдиви, издал формулар за идни акции за заштита од еколошки опасности. Со тоа, користењето на природните богатства се ограничило. Убивањето желки кои се во изумирање е забрането исто така, а посетителите се одвраќаат од купување предмети изработени од школката на желките. Спортскиот риболов кој се практикувал на некои острови, сега е ограничен.

Позначајни и поубави места кои вредат да се посетат на Малдивите се рибниот пазар на Мале, Исламскиот Центар (најживописниот архитектонски белег на Мале), Мули Аге (палатата изградена во 1906-та година), како и Националниот Музеј.

 

 

Даница Ангеловска
Сабота, 12.07.2008

 

http://www.kajgana.com/statija_1839.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com