Во последно време се почести се мониторите кои како додаток имаат звучници или USB приклучок. Компанијата AOC претстави монитор кој - има се.
Моделот AOC 2230Fm има сосема солидни карактеристики: резолуција од 1680х1050, контраст од 20.000:1 и DVI и HDMI влезови.
Но, според опременоста е навистина посебен: тука е USB 2.0 приклучокот, вградени звучници, читач на мемориски картички, а вистинското изненадување се крие на задниот дел од мониторот, каде се крие DVD плеер.
И што е најдобро, цената е само 399 долари, што не е ништо поскапо од останатите 22 инчни монитори на пазарот.
Сабота, 12.07.2008