Шоубизнис

» поопширно



Peugeot 308 СС

По три месеци од најавата за новата генерација на 308 СС, Peugeot ги објави и официјалните информации и фотографии од автомобилот.

Новиот Peugeot 308 CC нуди простор за четири патници и електронски кров на склопување, кој со притиснување на копчето од кабриолет во купе ќе го претвора за дваесет секунди. Со подигнат кров багажникот ќе располага со дури 465 литри зафатнина, додека со спуштањето просторот се намалува скоро за двојно (266 литри).

Новитет е интересниот концепт на браниците/дифузерот и поединечните анатомски кожни седишта, кои како и кај моделите на Mercedes без кров сега нудат концепт на воздушна завеса. Станува збор за отвор во пределот на вратите низ кој по желба може да струи топол воздух, за во ладните денови на патниците да им биде што поудобно.

За почеток, 308 СС ќе се нуди со две варијанти на мотори - 1.6 литарски турбо бензинец со 150 КС и 2.0 турбодизел со 140 КС. Двата модели стандардно се опремени со шесто степен рачен менувач, а по желба купувачите можат да одберат и автоматски.

Новиот Peugeot 308 CC би требало да биде претставен на авто салонот во Париз пред да се најде во продажба од почетокот на 2009 година.

 

 

Сабота, 12.07.2008

http://www.kajgana.com/statija_1842.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com