Шоубизнис

» поопширно



Десетте најскапи звучници на светот

Високата вредност на звукот функционира по принципот “колку пари - толку музика”, a во тоа не уверуваат hi-fi ентузијастите и стручњаците. Но, некои звучници навистина чинат безобразно многу, толку многу што човек ќе се запраша дали е полесно за тие пари да ги донесе да му свират самите музичари.

Светот на hi-fi уредите не е за оние со ограничен буџет. Уживањето во музиката со високи вредности на репродукција ќе ги чини и самите почетници голема сума на пари, а со подигањето на квалитетот на опремата трошоците рапидно растат. Врвните hi-fi уреди можат да бидат поскапи и од автомобил, па понекогаш и од стан.

Клучната компонента на аудио уредите се звучниците, па hi-fi фанатиците често одлучуваат најмногу пари да вложат токму во нив. Ако имате големо количество на пари, еве неколку врвни звучници.

Kharma Grand Enigma

Холандскиот производител Кharma денес може да се пофали со еден од најскапите звучници.Овој ексклузивен систем може да си го дозволат само најбогатите аудиофили. Произведен само во еден примерок, со неверојатана цена од 1.000.000 долари.

Wisdom Audio Infinite Grande

Ништо помалку внимание не привлекува моделот на производителот Wisdom Audio, кој има цена нешто помалку од милион долари.
За таа сума добивате уред од 4 кутии, од кои две се високи по 4 метри. Јачината на овој уред надминува 120 db, што значи дека со него без проблеми може да оглувите.

CAT MBX

Калифорнискиот производител на звучници претежно изработува производи по нарачка. Предност е што нивните продукти во потполност ги прилагодуваат според потребната просторија која може да биде во куќа, но можете да озвучите и брод, автомобил или отворен простор. Цената на ова задоволство чини 560.000 долари.

Adam Audio OSS

Целото име на овој спој на звучници е Olympus Sound System, а се состои од навистина импресивни компоненти. Осум столбови наполнети со 12 интерни појачала, 60 драјвери и DSP мозок кој управува со сето тоа. Корисникот мора да го спои системот на две појачала со сила од 1 киловат за да ги добие вистинските перформанси на уредот. Цената е 325.000 долари.

Physik Gaudi Mk II

Германскиот производител на звучници Physik ги има едни од најскапите звучници во сериско производсвто. Овие звучници се одлични за репродуцирање на класична музика, затоа што му овозможуваат на слушателот да го чуе секој инструмент посебно. Ова задоволсто можете да го добиете за 250.000 долари.

6 Moons Magico Ultimate

Дизајнерот Alon Wolfсе се потрудил на звучниците Magico Ultimate да им даде ретро научен изглед. Компонентите се призведуваат во Јапонија а некои од сериските делови се модифицирани од страна на стручњаците од Reflection Audiо, како што е случај со претпојачалата и дигиталниот конвертор, за да бидат достојни за вградување во овој систем. Резултатот е систем кој и самите произведувачи не можат да си го дозволат, затоа што се изработува по нарачка. Цената на овие звучницие 229.000 долари.

Wilson Audio Alexandria 2

Топ производот на компанијата Wilson Audio е ситем од звучници наречен Alexandria 2. Нискотонските, среднотонските и високотонските звучници се јасно оддвоени по кутии. Ниските и средните тоноски кутии се со огромни димензии. Целиот звучник е висок 1.80 метри, но ако може да си ги дозволите по цена од 148.000 долари од звучник, сигурно имате место и каде да ги ставите.

KEF Muon

Познатиот британски произведувач на звучници KEF во соработка со дизајнерот Ross Lovegrove ги изработија звучниците Moun. Спецификациите на oвие звучници како и нивната цена не се јавно достапни, бидејќи произведувачот верува дека такви работи ќе ги интересира само озбилните купувачи. Сепак на еден саем овој производ е забележан по цена од 130.000 долари.

B&W Nautilus

Модерениот и многу необичниот дизајн ги извдвојува овие звучници не само визуелно, туку и според квалитетот.

Системот бара едно претпојачало и 4 стерео појачала по звучник, а освен атрактивниот изглед нуди и врвен квалитет на звукот.

Ова напредна технологија ќе ве чини 60.000 долари.


 

 

Ferrari Art.Engine

Куќиштето е направено од алуминиум и помалку потсетува на блок од мотор, но наместо клипови има дупки кои се пополнети со звучници. Се работи за лимитирана серија на звучници кои имаат WiFi адaптер, на кој со леснотија се пoврзува компјутер за репродукција на аудио датотеки превземени од интернет. Цената е 20.000 долари.

 

 

Илија Шулев | Кајгана
Понеделник, 14.07.2008

http://www.kajgana.com/statija_1864.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com