Шоубизнис

» поопширно



Сексуална привлечност

По принцип, личноста која ја доживуваме како привлечна, а особено како сексуално привлечна, треба да ги задоволи сите наши сетила. Да ги задоволи сетилото за вид, допир, мирис, вкус, па и рамнотежа. Ова последново сетило, секако, во смисла на способноста да не исфрли од невозбудливата и досадна рамнотежа на секојдневната рутина.

Пред да чуеме некоја личност како и што зборува, пред да го почувствуваме нејзиниот мирис, допир и вкус, првото што ги слади очите е нејзиниот физикус. Физичкиот изглед и сексипилност на некоја личност не треба да се изедначуваат, иако станува збор за блиски појави. Додека антрополозите ја нагласуваат релативноста на поимот „физичка привлечност“ со оглед на тоа што таа варира од култура до култура, несомнено е дека во сите култури високо се цени младоста и доброто физичко здравје кое се гледа во сјајните очи, здравите заби, чистата и затегната кожа, па и по цврстиот од.

Освен овие универзални карактеристики на физичката, па и сексуалната привлечност присутни во сите познати култури, секоја култура има сопствени мерила за сексуална привлечност. Отстапките од некои норми, во принцип, не се привлечни. На Пигмејците на пример, не им се привлечни личности блиску до два метри висина, а деформирани стапала кај жените, вградувањето метални предмети во нос, уши или усни се високо рангирани сексуални фетиши во некои култури, што кај луѓето од западната цивилизација повеќе предизвикуваат љубопитна одбивност, отколку што будат сексуални желби.

До скоро, во западноевропската цивилизација масивната и атлетска градба на мажите, а големите гради и изразениот задник кај жените биле во машко-женските односи откривачи на „мрачните“ желби. Извесни сексолози шпекулираат дека тајната на ваква привлечност поврзана со градбата на мажите и жените не е случајна, туку дека е поврзана со скриените пораки на биолошкиот карактер. Во таа смисла, се претпоставува дека мажот со атлетска градба пренесува тајна порака до жените која гласи: „Моќен сум и силен, па и моите гени се силни и моќни“. Од друга страна, изгледот „песочен часовник“ кај жените со спомнатите сексуални атрибути, носи биолошка порака до мажот: „Плодна сум!“

Времињата се сменија. На многумина им е привлечен т.н. андрогиниот идеал кој влијае понекогаш тешко да се разликува жената од мажот. Витка става, слабо изразени гради и тесни колкови денес подеднакво и кај мажите и кај жените се сметаат за позитивни знаци за сексуалната привлечност кои, истовремено, покажуваат дека културата, а не само биологијата, ги одредува мерилата на овој вид.

Голото тело секогаш било сметано како мерка за сексуална привлечност. Наспроти раширените мислења за гол маж и погледот на неговите гениталии, стојат мислењата дека не се она што повеќето жени ги привлекува. Зацврстен машки пенис повеќе симболизира агресија и желба за потчинување на партнерката отколку што кај жените буди сентиментални допаѓања. Не е така кога станува збор за голо женско тело. Голото женско тело, и посебно гениталиите на жените, па и нејзиниот мирис и „вкус“, отсекогаш за мажите биле и повеќе од симболи на привлечност.

Приказната за сексуалната привлечност на некои личности се завршува со нагласок на нејзината физичност. „Не е убав, но е шармантен“ или „Убава е се додека не прозбори“, се вообичаени изрази кои во приказната за сексуална привлечност ги внеуваат некои личности. Интелигенцијата, смислата за хумор, опуштеноста во комуникацијата, нагласената индивидуалност, неконвенционалноста, авантуристичкиот дух ја прават една личност „поинаква од останатите“ и едноставно сексуално привлечна. Дали сексуално привлечната личност ќе ја искористи својата привлечност, зависи секако од другата личност и нејзините животни филозофии базирани на потребата за сигурност или трагањето за возбудувања.

Сите истражувања покажуваат дека без разлика на физичката убавина, поодминатите години и сомнителниот памет, личностите кои поседуваат моќ и пари поседуваат и сексуална привлечност. Некои истражувачи всушност на овој начин ја објаснуваат врската меѓу повозрасни мажи и млади и убави жени. Како и секоја работа на овој свет така и сексуалната првлечност, значи, може да се купи.

 

 

Адријана Митровиќ | Кајгана
Понеделник, 14.07.2008
http://www.kajgana.com/statija_1865.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com