Набргу откако Мозила го издаде толку најавуваниот Фајрфокс 3.0, веќе го објави и датумот на излегување на наредната верзија на овој прелистувач на интернет страници.
Алфа верзијата на Фајрфокс 3.1 би требало да се појави уште овој месец, додека конечната верзија корисниците ќе можат да ја симнат кон крајот на оваа или почетокот на наредната година.
По алфа верзијата, првата бета која би требало да е достапна за сите корисници може да се очекува веќе наредниот месец.
Ваквото брзо доаѓање на "огнената лисица" е очекувано бидејќи при лансирањето на Фајрфокс 3 од Мозила објавија дека наскоро ќе издадат и нејзина надградба која ќе биде збогатена со сите опции кои не успеале да ги постават во првата верзија.
Инаку, според податоците од Мозила, од 17-ти јуни до сега, Фајрфокс 3 е симнат скоро 22 милиони пати.
Понеделник, 14.07.2008