Citroen e познат по своите моноволуменци, а меѓу нив се истакнуваат моделите со називот Picasso. Citroen ги објави првите oфицијални фотографии и податоци за C3 Picasso.
Новиот модел воедно претставува и дизајнерска насока во која ќе се движи новата генерација на С3, а која ќе го има официјалното претставување на есен, на саемот за автомобили во Париз.

С3 го карактеризира иновативна архитектура, која ги спојува компактноста и пространоста на просторот. Со должина од 408, ширина од 173 и висина од 162 сантиметри, возилото има компактен преден дел и во целина вертикална линија на задниот дел. Ваквиот распоред на пропорциите овозможува голема пространост во кабината за патниците, а истовремено не е скратен просторот за багажникот - до 500 литри.

Задните седишта се одделуваат и засебно лизгаат во должина до 15 сантиметри за патниците со различна телесна градба да можат удобно да се сместат во возилото.
Понеделник, 14.07.2008