Шоубизнис

» поопширно



Совети за прв состанок

Среда, 16.07.2008 | 08:55

Прво и основно

Не доцнете. Тоа остава впечаток дека сте неодговорна и несовесна личност. Секако дека постојат и вонредни ситуации: пајак ви го кренал автомобилот или било што друго. Но ако доцните бидејќи сте невнимателни, доста е веројатно дека ќе добиете минусче или дури може да останете без втора шанса. Прагот на толеранција не е кај сите ист. Замислете си како би се чувствувале да чекате, возбудени и пресреќни, а тој човек да доцни.

Заборавете на монолозите

Се сеќавате на она: „Туку, доста зборувавме за мојот автомобил, ајде малку сега за мене“? Ако не, поентата е во тоа што девојката ќе си се собере со превртување на очите, а фраерот, секако, ќе остане сам да си се чуди, но тоа е основно правило како да не се однесувате. Дозволете и да зборува, монолозите заборавете ги.

Запомнете го и тоа дека на првиот состанок никој не треба да се чувствува како да е на испрашување. Премногу прашања и нетрпение не се пожелни. Во ред, се запознавате и прашањата се неизбежни, но важно е да се има граница, а всушност многу може да се прочита и од говорот на телото на таа личност и штом ќе забележите дека и е непријатно, знаете што треба да направите.

Мобилен?

Ако сте личност која има многу пријатели или бизнис соработници, па мобилниот постојано ви ѕвони, повторно сме кај границите. Секако дека ќе се јавите ако очекувате важен повик, но нека не ви се случува да сте на вечера, а во раката мобилниот да ви е повеќе од вилушката. Личноста која со вас го поминува времето ќе се почувствува запоставено и навредено, а таквото однесување е надвор од секаква пристојност.

Износот на сметката секогаш може да се подели

А откако убаво и пријатно сте си го поминале времето заедно, некој мора да ја плати сметката. Што тогаш? Вие сте ја викнале на вечера, или кино, или нешто трето? Тогаш би било сосема во ред вие да ги подмирите трошоците кога веќе некого сте поканиле. Факт е дека има мажи на кои им е под честа жена да им плаќа сметка и тврдоглаво ја одбиваат таа идеја. Таквата пракса можеби на никој нема да му пречи, но има и од оние на кои ќе им биде иритирачка. Сметките секогаш може да се поделат или може да се договорите за реванш ако и двајцата се сложите дека ќе има и втор состанок.

Треба да се каже и...

И да не должиме, треба да се каже и тоа дека не треба да се глуми претерана одважност, а исто така не е пожелно да се биде претерано скромен. На првиот состанок не би требало веднаш да спомнувате некои од проблемите кои ве мачат.

Првото излегување заедно треба да биде опуштено и забавно, иако веројатно и двајцата ќе имаат мала трема, но тоа е нормално. Обидете се да го прочитате говорот на телото, од тоа можете многу да научите за личноста.

Најлошото што може да ви се случи е веќе никогаш да не ја видите таа личност или најдоброто - состанокот може да биде успешен, па утредента да го повторите.

 

Адријана Митровиќ | Kaјгана
http://www.kajgana.com/statija_1908.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com