Шоубизнис

» поопширно



Фиџи

Некогаш познати како "Острови на човекојадците" (поради нивните дивјачки домородци), денес се нарекуваат Република Фиџи, а се наоѓаат јужно од Тихиот Океан, на приближно 3.100 километри од Сиднеј (Австралија) и 5.000 километри југо-западно од Хонолулу (Хаваи). Од вкупно 322 острови само 100 се населени и зафаќаат површина од 18.270km2.

Во 1874-та година Фиџи станале Британска колонија и биле под Британска власт се` до 1970-та година, кога се стекнале повторно со независност.

Поголемиот дел од Фиџи е планински, главно вулкански, со неколку врвови кои достигнуваат и над 3.000 стапки. Највисокиот врв е Викторија кој е висок дури 4.341 стапки или 1.323 метри.

Туристичките долари се главнот извор на приходи заедно со тие од шеќерната и текстилната индустрија. Република Фиџи брои популација од 818.000 жители, кои зборуваат на фиџијански јазик, покрај англискиот кој е официјален. Поголемиот дел од нив се Христијани и Хиндуси, а 80% живеат на двата поголеми острови Вити Леву и Вануа Леву.

Овој предел е познат по неговата сценска убавина и една од најпопуларните Океански дестинации за одмор. Повеќе од се`, островите Фиџи се егзотична дестинација. Тие се место каде што веселите делфини скокаат високо до вашиот брод и место за долго едрење покрај прекрасните шуми.

На Фиџи може да видите 6-метарски бранови кои носат сурфери на обалата. Таму можете и мирно да пловите, по тивките води на тиркизните лагуни на зајдисонце или да уживате во сонцето кое сјајно блеска речиси секој ден. Дури и кога врне, луѓето истрчуваат надвор за да се бањаат на топлиот дожд, кој завршува брзо, исто како што започнал. Тоа е местото каде животот се живее со сите задоволства, без брзање и каде имињата на стекнатите пријателите вечно се паметат. Фиџи е местото каде луѓето носат цветови во нивните коси, не за да ги импресионираат посетителите, туку затоа што така сакаат. Поради сите тие убавини, еден седумдневен одмор на Фиџи би ве чинел повеќе од 1.000 евра.

На Фиџи владее идеална јужно морска тропска клима. Идеално место за одмор, посебно за тие кои сакаат да ги избегнат зимите на Северната хемисфера. Максималната летна температура достигнува до 31, а зимската дури до 29-от целзиусов степен. Тука повремено се појавуваат и циклони.

Флората на Фиџи опфаќа тврди дрва, ризофори, бамбуси и кокосови палми. Фауната е составена од домашни цицачи како што се глувците и лилјаците, добиток, кучиња, кози, коњи и овци. Овој регион има 74 видови на птици, од кои најзастапени се буфовите и папагалите.

Овој архипелаг е раскрсница на Јужниот пацифик. Во денешно време, времето на авионите и глобалното патување, Фиџи претставува централна точка. Повеќе од 85 летала слетуваат секоја недела на аеродромот во Нади, на главниот остров Вити Леву. Од тука до другите острови има од 7 минути до еден час летање, каде останатиот свет брзо се заборава.

Заедно со сите природни и тропски убавини, Вити Леву е островот кој нуди неколку големи градови, како и главниот град Сува. Покрај него, друг поголем и поглавен остров е островот Вануа Леву.
Останатите помали острови се корални формации, кои се издигнуваат само неколку стапки над морската површина.

На Фиџи има и многу реки. Најголема и најдолга река е Рева, која се наоѓа на Вити Леву со должина од 160 километри, покрај Сигатока, Нади и Ба. Најдолгата река на Вануа Леву е Дракети.

 

 

 

 

 

 

Даница Ангеловска | Кајгана
Вторник, 22.07.2008
http://www.kajgana.com/statija_1939.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com