Шоубизнис

» поопширно



Петте највпечатливи метро станици во светот

Метро станиците не треба да бидат монотони. Многу компании кои нудат метро услуги сакаат да освојат повеќе патници со добар дизајн на нивните станици. Тоа значи поголем иницијален трошок за компаниите, но поголема добивка за градот, затоа што на метрото освен во контекст на транспорт, се гледа и како вистинска гордост на луѓето што живеат во градот.

Најголемиот дел од метроата се ниски и досадни од естетска гледна точка. Но, постојат градови кои експлицитно ја кројат уметноста и добрата архитектура и во подземните станици. И сосема оправдано. Никој не сака да го помине времето на чекање во тесна миризлива "кутија" со голем број на рекламни постери кои се повторуваат по ѕидот.

Фотографиите ја доловуваат перфектноста и не се индикатор за тоа како просечно изгледа целиот систем на метроа низ светот, туку како треба да изгледа. Ова се петте највпечатливи метро станици во светот.

 

Москва

 

 

Првото метро во Москва е отворено во 1935 година. Метроата во Москва се толку длабоко изградени, што би можеле да се користат и како скривници при бомбардирање. Московските метроа се наследство од социјалистичкиот режим, оргинално наменети да бидат "палати за луѓето". Со нивните мермерни ѕидови, луксузни лустери, скулптури и необичен ентериер, многу од нив наликуваат на палати и катедрали.

 

 

Стокхолм

  

Стокхолмското метро претставува една голема уметничка галерија. Делата на голем број уметници од 50-тите години се интегрирани во 90 од вкупно 100 метро станици во Стокхолм. Овој град оддвојува повеќе од 10 милиони долари секоја година за зашитита и развој на оваа метро уметност.

 

 

Прага

 

Метро станиците во Прага се дело на уметникот Виктор Вазарели. Внатрешноста на секоја од нив е обложена со елементи од стакло и алуминиум, кои на метро станиците им даваат футуристички изглед. На првата фотографија е прикажата станицата Jinonice, комплетно обложена со стаклени коцки и изградена во 1988 година, а на втората станицата Flora (1978 година).

 

 

Минхен

Метро-системот во Минхен е отворен во 1972 година, а негова главна карактеристика сe пространите и чисти станици. Постарите станици имаат минималистички дизајн, додека новите се архитектонски ориентирани кон иднината. На фотографијата е прикажана станицата Westfriedhof (1998 г.) со едноставни бетонски ѕидови, но со извонреден светлосен концепт дизајниран од Инго Маурер.

 

 

Лондон

Лондонското метро не само што е првата подземна железница во светот, туку е и првото метро со општ дизајн кое има влијание на стилот во креирањето на многу други метроа низ светот. Дизајнот на станицата Notting Hill од далечната 1868 година, се користи и денес без никакви структурни модификации.

http://www.kajgana.com/statija_1950.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com