Шоубизнис

» поопширно



Градови на сеништата

Колманскоп (Намибија)

Колманскоп е напуштен град кој се наоѓа на југот на Намибија, Јужна Африка. Во далечната 1908, откако дијамантската "треска" ги зафати жителите на Намибија, голем број на луѓе се впуштија во пустината барајќи го својот дел богатството. За неполни 2 години, во центарот на Намбиската пустина, се роди сосема нов град, збогатен со неколку казина, училиште, болница и ексклузивни градби.

 

 

Падот на продажбата на дијамантите по Втората светска војна беше почетокот на крајот на овој град. Во 1950. градот беше целосно напуштен, а пустината полека почна да си го враќа тоа што порано и припаѓаше нејзе.

Припијат (Украина)

Овој напуштен град кој се наоѓа на северот на Украина некогаш беше дом на работниците во нуклеарната централа во Чернобил. Напуштен е во 1986. веднаш по катастрофалната несреќа. До денот на несреќата, градот имаше популација од преку 50.000 жители.

До неодамна, градот практично претставуваше музеј на ерата на Советскиот сојуз. Зградите, болниците, училиштата и другите градби беа инстантно напуштени од страна на жителите, оставајќи зад нив се што во нормални околности би го понеле со себе. Телевизори, играчки, мебел, облека, уметнички дела и други некогаш вредни предмети сега осамнуваат во напуштениот Припијат.

Сан Жи (Тајван)

Овие невообичаени футуристички градби требаше да претставуваат луксузно одмаралиште за богатите Тајванци. Но, по бројните несреќи за време на изградбата и недостатокот на пари - проектот беше стопиран. Во тајван веќе подолго време опстојува легендата дека ова место е проколнато, а поради таа причина овој проект нема никаква вредност и најверојатно никогаш нема да биде рестартиран.

 

Орадур Сур Глан (Франција)

Ова мало француско село говори за хоророт кој го снајде за време на Втората светска војна. На 10 јуни 1944. вкупно 652 жители беа масакрирани од страна на германските војници како казна за францускиот отпор. Урнатините во селото денес сеуште стојат недопрени, во чест на загинатите и како потсетник за настаните од Втората светка војна.

Кадикчан (Русија)

Кадикчан е еден од многуте мали градови во Русија кои буквално се распаднаа по распадот на Советскиот сојуз. Жителите беа принудени да се преселат за да добијат пристап до некои од основните животни сервиси како вода, медицинска помош, образовни центри и тн. Владата на Русија експресно ги пресели сите жители на Кадикчан во период од 2 недели, во други градови, обезбедувајќи им нови домови. Градот кој некогаш броеше 12.000 жители сега е ненаселен. Низ напуштените градби, сеуште може да се најдат предмети, играчки, облека и книги, кои принудените мигранти ги имаат оставено засекогаш.

http://www.kajgana.com/statija_1951.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com