Нов компјутерски вирус им се заканува на Windows корисниците кои најчесто симнуваат музика користејќи ги peer-to-peer мрежите. Вирусот е детектиран од страна на Kaspersky Labs под името "Worm.Win32.GetCodec.a.".

Овој вирус ги конвертира MP3 фајловите во Windows Media Audio (WMA) формат без да ја промени нивната .mp3 екстензија, додавајќи маркер со линк до малициозна веб страница. Маркерот се активира автоматски за време на преслушување на аудио фајлот. Тој го стартува Internet Explorer, отворајќи инфицирана страница каде на корисникот му се нуди преземање и инсталирање на фајл, кој според информациите на страницата е Codec. Кога корисникот ќе го преземе фајлот, на компјутерот се инсталира "тројански коњ" познат под името Trojan-Proxy.Win32.Agent.arp овозможувајќи им пристап на сајбер криминалците до компјутерот на жртвата.
Бидејќи Worm.Win32.GetCodec.a. е сеуште тазе вирус, а вие можеби го немате надградено вашиот софтвер за заштита и детекција, запомнете дека треба да го исклучите Internet Explorer доколку тој случајно ве одведе на некоја страница и ви понуди да преземете аудио Codec.