Шоубизнис

» поопширно



Момче алергично на живот

Англиските доктори открија дека 6-годишниот Пол Бретвајт е алегричен на речиси се. Малиот Пол добива алергиска реакција кога е во контакт со сончева светлина, трева, ткаенина, прашина, животни...

Неговата состојба се вика еозинофилна гастроентеропатија и е толку ретка што Пол е првиот Британец на кого му е диагностицирана ова болест по 1920 година.

Пол може да излезе надвор само четири минути, а потоа неговата кожа почнува да реагира на сонцето. Момчето не смее да си ги измие ниту забите, затоа што е алергичен на пастата за заби. Дневно пие 23 различни лекови. Пие посебно млеко, кое му се вбризгува низ цевка од посебен ранец.

Алергијата прв пат ја забележала мајката на Пол уште додека тој бил бебе, кога реагирал на храната која му ја давала. Состојбата константно се влошува со тек на годините, а за тоа говори и податокот дека Пол морал да го напушти училиштето поради тоа што соучениците му се потсмевале за пликовите на телото. Семејството морало да се откаже и од домашното милениче.

"Луѓето ја користат фразата алергичен на живот, а за жал - мојот син навистина е таков. Грижата за Пол е 24-часовна обврска. Мора да станувам неколку пати во текот на ноќта за да му ја променам постелнината, затоа што неговата кожа прокрварува ако спие на истата постелнина неколку часови", вели неговата мајка Кели.

Во 70-тите години, светот го заобиколи вестта за Дејвид Ветер, момче кое страдаше од ретко генетско пореметување, поради кое живееше без никаков имунолошки систем и беше алергично на воздух. Дејвид мораше да го помине цел живот во специјално дизајниран балон и почина на 12 години.

За разлика од Дејвид, Пол нема никаков проблем со дишење обичен воздух. Најголем проблем е реакцијата на неговата кожа на сонцето, која после повеќе од 4 минутно изложување изгледа како да е изгорена со киселина.

За сега, единствена помош за Пол се антихистамините, но тие не ја спречуваат алергијата потполно, туку само ја ублажуваат реакцијата.

http://www.kajgana.com/statija_1960.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com