Шоубизнис

» поопширно



Вежбајте, дебелината го скратува животниот век


Прекумерното внесување калории и ниското ниво на физичка активност по неколку години доведува до развој на прекумерни количини на масно ткиво. Tаложење на маснотии во телото предизвикува дебелина, која може да биде централна (адоменална или локализирана околу стомакот), периферна (во предело околу бутините) или мешовита.

И покрај тоа што дебелината е наследна карактеристика, многу важен фактор во нејзиното создавање има и "седечкиот" начин на живот. Прекумерно гледање телевизија и седење на компјутер преставува важен фактор и ризик за здебелување и појава на шеќерна болест. Недекватните навики и брзиот начин на исхрана во детството значително влијаат на појавата на дебелината во периодот на адолесценцијата.

Многубројните испитувања резултираат со еден заклучок: Дебелината и зголемениот крвен притисок придружени со пасивниот начин на живот и прекумерното внесување на калории, доведува до зголемена телесна тежина и значителна промена на метаболизмот.

Испитувањата покажуваат дека секое зголемување на тежината за 10 килограми (или 10 см. во обем на струкот) го зголемува ризикот од рак на дојката во следните 15 години после менопаузата. Ризикот може да се намали со редовно вежбање и со спречување на можноста за зголемување на телесната тежина во текот на стареењето. Познато е дека здравата исхрана и умерена физичка активност го намалува стресот, ризикот од заболување и го продолжува животниот век.

Доколку не сте во добра кондиција, доволно е да вежбате аеробик (пешачење и одење по скали) во период од 3-5 минути во зависност од пулсот на вашето срце. Кај луѓето над 55 години, пулсот не смее да биде поголем од 115 отчукувања во секунда.

Вежбањето им се забрането на личности кои имаат внатрешни крварења, акутни инфекции со висока температура, акутен инфаркт на срцето или на мозокот, асматичен напад и на трудници во деветиот месец. Личности кои имаат хронични болести треба да вежбаат по станувањето од кревет, и секако во текот на денот и со постепено зголемување на времето за вежбање до постигнување на 20 минути дневна физичка активност.

 

 

 

Стојче Стаменковски | Кајгана

http://www.kajgana.com/statija_1974.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com