Шоубизнис

» поопширно



Најнеобичните автомобили на светот

Повеќето автомобили кои може да ги забележиме на улиците се речиси идентични. Овие возила, со својот дизајн, функционалност, невообичаени бои и запрепастувачки изглед ја разбиваат монотонијата на асфалтот.

 

Zoop

Дизајниран за париската модна куќа Maison de Courreges, овој електричен автмобил е всушност способен да развиe брзинa и до 190 км/ч, a може да обезбеди и сосема комотен превоз на три лица. Иако станува збор за еколошки и релативно брз автомобил, формата на лимун не е баш според стандардните вкусовина автомобилските фанатици

 

 

 

 

Parkcycle


Иако технички не е автомобил,  намената на ова возило е да ги окупира паркиралиштата и да ги претвара во јавни паркови. Дизајниран е од арт групата Rebar и може да развие максимална брзина од околу 8 км/ч. Не изгледа како возило со поглеми маневрски способности, но барем доѓа со 5 метарско дрво на хаубата.

 

 


Live-In

Овој камион е во можност да се трансформира во потпоно функционално место за живеење. Има отвори на покривот низ кои допира сончевата светлина со што се овозможува и вентилација на просторот. Доаѓа со голем кревет, мијалник, туш и кујна.

 

 

 

 

Транспарентниот автомобил Rinspeed


Ова возило се разликува од останатите автомобили по тоа што е речиси целото провидно. Дизајнирано од швајцарскиот произведувач Rinspeed, овој автомобил е совршен за оние кои сакаат да бидат забележани и видени дури и од внатрешната страна на возилото.

 

 

 

Fiat Jolly Panda

Можеби има бизарно име, но уште побизарно кај овој автомобил е тоа што нема врати. Стилски дизајниран со материјали кои се нетоксични и отпорни на UV зрачење, овој автомобил е замислен да ги импресионира сите оние кои бараат возила со едноставен и минималистички изглед. Сепак, сосема нормално е да се запрашате како ќе ја заштитите вашата "панда" од кражби и дожд...

 

 

Kenguru, автомобил за лица со посебни потреби

Овој автомобил е специјално дизајниран за корисниците на инвалидски колички. Не постојат предни седишта, туку само простор за возачот да ја позиционира својата инвалидска количка , која се заклучува во таа позиција. Возилото се управува со помош на џојстик и има опција за едноставно влегување и излегување, без потреба да се подигнете за да седнете во возачкото седиште. Kenguru е најлесно управливиот автомобил за корисниците на инвалидски колички.

 

 

 

Nissan Terranaut


Nissat Terranaut е дефинитивно теренско возило на иднината. Бар така изгледа. Иако станува збор за концепт, овој автомобил е навистина кул во секоја смисла. Нема ни трага од стандарната опрема која е карактеристична за ваков вид на возила. Во средина на автомобилот е позиционирано едно ротирачко седиште кое се врти за 360 степени, давајќи му на возачот прегледност на сите инструменти на футуристичката табла. Но, која е шансата да го видиме овој автомобил наскоро на улиците? Разочарувачки, речиси никаква.

http://www.kajgana.com/statija_1981.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com