Понеделник, 28.07.2008 | 13:35
Microsoft објави дека развојот на Windows 7 - наследникот на Vista е на добар пат и дека ќе биде завршен според планот, а можеби и уште порано.
Доколку Microsoft го оствари најавеното, Windows Vista ќе добие наследник само три години откако започна нејзината продажба. Најверојатно, и Microsoft е свесен за недостатоците на Vista, па затоа го форсира нејзиниот наследник толку брзо.
Стив Балмер најави дека корисничкиот интерфејс нема премногу да се разликува од тоа на што се навикнати корисниците на Windows.