Понеделник, 28.07.2008 | 14:20
Последните податоци за користењето на интернетот во Кина покажуваат дека во оваа земја, и покрај строгиот владин надзор и регулативи - има дури 253 милиони корисници, што Кина ја става и пред САД.
Иако на просечните Европјани цензурата и забраните кои мораат да ги трпат кинеските корисници на интернетот им се чинат неподносливи, он-лајн пенетрацијата во Кина сепак незапирливо расте. Иако станува збор за скромни 19,1% од вкупниот број на жители, ова е доволно за земјата да стане најголема интернет велесила по бројот на корисници.
Според податоците на Paw Internet аnd American Life Project, он-лајн пенетрацијата во САД е 71%, што значи дека 223,1 милион жители користат интернет. Оваа бројка Кина не само што ја надмина, туку ја надмина и за 30 милиони, а шансите САД да ја стигнат веќе не постојат.
Што се однесува до финансиските показатели, Кина е сеуште далеку зад САД. Вкупните приходи на сите интернет компании во Кина во 2007 година изнесуваат околу 5,9 милијарди долари, додека приходите само од он-лајн огласувањето во САД минатата година изнесуваат 21,2 милијарди долари.
Токму поради ова, јасно е дека Кина е следниот голем пазар за кој ќе се борат џиновите како Google и Microsoft.