Понеделник, 28.07.2008 | 17:35

По повод третиот роденден на Walkman серијата на мобилни телефони, Sony Ericsson претстави три нови модели - Sony Ericsson W902, W595 и W302.
Sony Ericsson W902
Sony Ericsson W902 е моделот во кој од овие три нови уреди се спакувани највеќе можности - доаѓа со камера од 5 мегапиксели со автоматски фокус, LED блиц и посебни копчиња за музички функции. Има QVGA TFT дисплеј со големина од 2.2 инчи и приказ на 262К бои, а капацитетот на внатрешната меморија изнесува 25МВ. Ова е малку, но во оргиналното пакување телефонот доаѓа со М2 мемориска картичка од 8GB.
Телефонот има димензии од 110 х 49 х 11.7 милиметри и тежи 99.8 грама, поддржува 3G, HSDPA и има FM радио со RDS. Sony Ericsson W902 нуди и ауто ротација на дисплејот благодарение на вградениот акцелерометар, како и геотагирање, со помош на базните станици кои ја одредуваат приближната локација.
Sony Ericsson W902 ќе се најде на пазарот од четвртиот квартал годинава.

Sony Ericsson W595
Sony Ericsson W595 е слајдер кој поддржува 3G и HSDPA, има камера со резолуција од 3 мегапиксели, која за жал нема автоматски фокус. Дисплејот е со големина од 2.2 инчи, QVGA резолуција и прикажува 262К бои. Со телефонот доаѓа и мемориска картичка со капацитет од 2GB, а внатрешната меморија е 40МВ. На пазарот ќе се најде од четвртиот квартал годинава.

Sony Ericsson W302
Третиот од новонајавените телефони на Sony Ericsson ќе биде најефтин од новата Walkman серија, но и најскромен. Има дисплеј со резолуција од 176 х 220 пиксели кој прикажува 262К бои и камера со резолуција од 2 мегапиксели.
Телефонот не поддржува 3G, а стандардно присутни се FM радиото со RDS и стерео Bluetooth. Има внатрешна меморија од 20МВ, а како и останатите два модели, на пазарот ќе се појави од четвртиот квартал годинава.
