Вторник, 29.07.2008 | 09:55
Бидејќи на секои 26 секунди во САД се краде по еден автомобил, многу од градовите решија да се справат со проблемот со помош на возила - стапици, кои ги заробуваат крадците.

Злонамерниците кои ќе влезат во ваквиот автомобил потоа не можат да излезат, затоа што вратите се блокираат, а моторот се исклучува. "Паметните" возила се поставени во проблематичните квартови и на паркинзите на кои често се случуваат кражби.
Веднаш штом крадците ќе ја обијат вратата, се вклучуваат камерите. Алармот до тогаш веќе ја известил полициската станица, а GPS системот праќа податоци за точната локација на возилото. На крадците не им преостанува ништо друго освен да го дочекаат апсењето, а со видео снимката како доказ за провалата, тешко е да се одрекне кривичното дело.
Автомобилите кои се поставуваат како стапици најчесто се Honda Civic, Honda Accord и Toyota Camry - трите најчесто крaдени возила во САД.