Шоубизнис

» поопширно



Минијатурен еко компјутер од Dell

Среда, 30.07.2008 | 12:10

Dell претстави исклучително симпатичен компјутер наречен Studio Hybrid, кој од останатите класични десктоп компјутери се разликува по малите димензии и релативно поволната цена.

Американскиот производител со својот модел Hybrid Studio планира директно да му конкурира на Мас мини компјутерот на Apple. Својот назив Hybrid го носи поради "грижата" кон околината - имено, hybrid асоцира на автомобилите кои Американците ги гледаат како значителен придонес за зачувувањето на околината.

Хибридот на Dell највеќе ја чува околината со намалената потрошувачка на енергија во однос на просечните компјутери, и тоа дури за 70% помалку од просекот.

Своите димензии Hybrid им ги должи на компонентите дизајнирани за преносни компјутери, почнувајќи од процесорот, преку тврдиот диск до оптичкиот читач. Поради димензиите донекаде страдаат и перформансите на овој компјутер кој може да се спореди со преносните, а не со десктоп компјутерите.

Во основната верзија, Hybrid чини 499 американски долари, но бројните компоненти како  Wi-Fi адаптер, Blu-ray читач, безжична тастатура и глувче, како и ТВ тјунерот треба да се доплатат.

Во споредба со ефтините десктоп компјутери, Studio Hybrid можеби не изгледа како добар избор (цена - вредност), но неговиот дизајн и димензиите сигурно ќе освојат многумина.

http://www.kajgana.com/statija_2037.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com