Шоубизнис

» поопширно



Ватикан го забрани снимањето на "Ангели и демони"

Среда, 30.07.2008 | 13:33

Рон Хауард, режисерот на филмскиот хит "Кодот на Да Винчи" повторно ја бранува јавноста. Причина за тоа е снимањето на филмот "Ангели и демони", инспириран од истоимениот бестселер на Ден Браун, но и конфликтот со Ватикан поради филмот.

Ватикан изрече забрана за снимање на клучните сцени од филмот "Ангели и демони", кои требаше да се реализираат во црквите Санта Марија дел Пополо и Санта Марија дела Виторија. Иако целокупната работа се одвива во Рим, црквените работници тврдат дека нема да му дозволат на холивудскиот режисер ниту да се приближи до некоја од нивните цркви.

"Обично го читаме сценариото на филмот пред да одлучиме дали ќе дадеме дозвола за снимање во некоја од црквите, но во овој случај тоа не беше потребно. Доволно беше да го чуеме името Ден Браун" - објаснува претставник на Ватикан.

По реакцијата на Ватикан, експресно се огласи и Рон Хауард, кој како одговор најави изградба на реплика од ватиканските цркви во големите холивудски студија.

Веќе година дена наназад постојат бројни судири на релација Холивуд - Ватикан, баш поради екранизацијата на делата на авторот Ден Браун, кои според многумина ги поткопуваат темелите на христијанството. Том Хенкс повторно ќе се најде во улога на професорот Ленгдон, кој помалку иронично, во филмот "Ангели и демони" има мисија да го спаси Ватикан од уништување.

http://www.kajgana.com/statija_2041.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com