Четврток, 31.07.2008 | 12:35
Хуморот на сопствена сметка за мажите претставува едно средство плус во освојувањето и заведувањето на жените, тврдат научниците.
Смеењето на сопствена сметка или подготвеноста да се признаат недостатоците и маните со хумор на сопствен начин, кој ја засмејува околината, во очите на жените претставува најпривлечен начин на хумор, тврди научникот Гил Грингос од Универзитетот во Ново Мексико.
Резултатите од истражувањето кое го извршиле Грингос и неговиот тим покажува дека оние мажи кои коректно го практикуваат овој вид хумор, кај жените важат за најпривлечни и најпожелни.
Меѓутоа, научниците предупредуваат дека ваквиот хумор не секогаш претставува "моќно оружје" и дека носи одредени опасности поради истакнувањето на сопствените слаби точки.