Шоубизнис

» поопширно



Нова Honda Jazz

Четврток, 31.07.2008 | 14:03

Јапонскиот производител на автомобили ги објави деталите за новата генерација на моделот Jazz, чија официјална премиера во Европа ќе се случи на саемот во Париз.

Со должина од 3900 mm, ширина од 1965 mm и висина од 1525 mm, новиот Jazz се позиционира меѓу компактните моноволуменци, пружајќи истовремено стилски изглед и практичност.

Во споредба со претходникот, висината на целото возило останува иста, но должината е зголемена за 55 mm, а ширината за 20 mm. Осовинското растојание е зголемено за 50 mm, a растојанието помеѓу предните и задните тркала е зголемено за 30 mm, што овозможува поголема стабилност.

Зголеменото ниво на сигурносна опрема опфаќа воведување структура на каросеријата по системот "Инженеринг на напредна компатибилност" на Honda - ACE (Advanced Compatibility Engineering), aктивни наслонувачи за глава на предните седишта и VSA систем (Vehicle stability assistance).

Целосно новите i-VTEC мотори од 1.2 литри со 90 КС и 1.4 литри со 100 КС пружаат подобро ниво на перформанси, истовремено намалувајќи ја потрошувачката на гориво на 5,1 односно 5,3 литри на 100 километри во комбиниран режим на возење.

Двата модели се опремени со петостепени менувачи, а опционално можат да бидат опремени и со најновиот i-SHIFT менувач на Honda, кој овозможува намалена потрошувачка на гориво, намалено време потребно за менување на брзина, како и интелигентен автоматски режим на промена на брзините.

Претходната генерација на ова возило беше наградена со повеќе од 50 признанија, а беше продадена во повеќе од два милиони примероци низ целиот свет од 2001 година, кога дебитираше на пазарот.

http://www.kajgana.com/statija_2058.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com