Шоубизнис

» поопширно



Aткинс е "помилуван"

Петок, 01.08.2008 | 11:58
Адријана Митровиќ

 

Контроверзната диета на доктор Аткинс, познат како човекот кој промовираше животен стил кој го чинеше живот, после двегодишни студии сепак е прогласена за здрава и најделотворна.

Заговорниците на начинот на исхраната со висок удел на протеини и осиромашени со јаглехидрати, позната и како Аткинсова (месна) диета, конечно можат на раат да продолжат со лајфстајлот на кардиологот д-р Роберт Аткинс, околу кој се креваа бројни контроверзии.

Имено, една од најпопуларните светски диети после двегодишна студија е прогласена за еднакво сигурна како и конвенционалната нискокалорична диета. Еднакво добро поминала и т.н. медитеранска диета, односно онаа која се темели на шарена палета зеленчук и овошје, како и консумирањето риба и бело месо.

Секако, истражувањето покажало дека испитаниците губеле повеќе од тежината додека биле на диета со низок удел на јаглехидрати отколку на обична диета која ги собира калориите. Испитани се 322 доброволци, а испитувањето го вршеле научни тимови од Израел, Америка и Германија.

"Истражувањето покажа дека не постои универзална диета. Веруваме дека со студијата ја отворивме вратата за медицинско прифаќање на медитеранската и диетата со низок удел на јаглехидрати како сигурни и делотворни алтернативи за пациентите, врз основа на нивните лични преференци", изјави водачот на тимот на истражувачи д-р Ирис Шаи, од одделението за епидемиологија на Универзитетот Бен-Гуирон во Израел.

Испитаниците кои се хранеле според нискокалоричниот принцип за две години изгубиле во просек по 3 килограми, "медитеранците" до 4,5 килограми, а "аткинсовците" и до 4.6 килограми. Повеќето килограмите ги изгубиле во првите шест месеци од диетата. Но, резултатите треба да се земат со резерва бидејќи 85% од испитаниците биле мажи, предупредуваат научниците.

Диетата со низок удел на јаглехидрати се покажала најдобра во намалувањето на лошиот холестерол, додека сите диети имале позитивни ефекти за црниот дроб.

Во сржта на Аткинсовата диета се протеините, односно маснотиите, а се цели и кон елиминација на шеќер, леб, ориз и тестенини (до 20 грама дневно) за организмот да се доведе до состојба на кетоза и да почне да троши складирани маснотии. Иако имала многу добар одзив, посебно меѓу мажите, диетата паднала во втор план после предупредувањата на медицинската заедница заради можното зголемување на "лошиот" холестерол во крвта, односно ризикот од заболувања од кардиоваскуларни болести и проблеми со бубрезите.

За лошиот впечаток најверојатно е виновен самиот Аткинс, кој доживеал срцев удар, иако 40 години живеел на својата диета.

http://www.kajgana.com/statija_2067.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com