Понеделник, 04.08.2008
Истражувачите на Siemens успеаа да постигнат пренос на податоци со 100 мегабити во секунда со помош на видливо светло. Користејќи диоди со високи перформанси кои емитираат бела светлина, успеаа да извршат пренос на податоци на растојание поголемо од еден метар празен простор.
Преносот на податоци низ празен простор се остварува со помош на бели LED диоди со високи перформанси кои имаат низа истакнати карактеристики: долг работен век, механички се робусни, работат со низок оперативен напон и имаат поголемо ниво на енергетска ефикасност од нормалните.
Податоците се пренесуваат едноставно по пат на варијација на светлото кое го емитира LED диодата. Приемникот е фотодетектор кој ги конвертира сигналите во електрични импулси.
Потребата за пропусен опсег и флексибилност во гигабитните домашни мрежи е се поголема, но овие мрежи се почесто се судираат со различни проблеми. Во многу згради, три независни WLAN фрекфенциски опсези се повеќекратно зафатени, што доведува до колизија помеѓу пакетите на податоци. Во вакви ситуации, видливото светло нуди поволна алтернатива.
Истражувањето се одвива во рамки на Институтот за електроника, а плановите се стандардот да биде усвоен до крајот на 2010 година.