Шоубизнис

» поопширно



Теренски фотоапарат

Понеделник, 04.08.2008
Илија Шулев

 
Нефотографските можности на овој уред се поимпресивни и од самите фотографски, па неговите корисници ќе успеат да фотографираат од места каде малкумина други фотоапарати би се осмелиле да отидат.

Olympus mju1030SW без било какви куќишта и други помагала може да занурка на 10 метри длабочина, да падне од 2 метра висина, да фотографира на -10 степени и да издржи притисок од 100 килограми. Сите места на кои сопствениците на фотоапаратите се плашат да отидат за да не ја оштетат својата опрема, овој Olympus ги посетува без проблем.

За жал, неговите фотографски можности се просечни. Вградениот CCD чип со резолуција од 10 мегапиксели изработува фотографии на кои им недостасува вистинска црна боја и се со поприлично количество на дигитален шум. Електрониката ги обработува и се обидува да го отстрани шумот, но само ги уништува деталите, што е последица на трката за мегапиксели која сеуште трае меѓу поизведувачите на компактни дигитални фотоапарати.

Уредот поддржува ISO распон од 80 до 1600, но употребливите фотографии се создаваат на вредности од 80 и 100 ISO, а оние на 800 или 1600 навистина се лоши и со потполно непрепознатливи детали.

Од друга страна, добредојдена новост во серијата mju SW е широкоаголниот објектив. Додека досегашните модели го започнуваа својот распон на 35 или 38 милиметри, овој фотоапарат нуди многу позадоволувачки 28 милиметри. Веруваме дека најголемиот број на фотографии снимени со него ќе бидат оние од пријателите и семејството, па затоа добро ќе дојде технологијата на препознавање на лица, за автоматскиот фокус да го изостри тој дел од кадарот.

Брзината на фотографирање е задоволителна, а ергономијата на уредот е солидна, па по кратко навикнување, пристапот кон опциите станува побрз. Однапред дефинираните опции се доста бројни, така да ништо не може да ги изненади оние корисници кои немаат поим што е тоа бленда, експозиција и ISO вредност, а сепак жените ќе имаат коректни фотографии за спомен.

Резолуција: 3648 x 2736
ISO распон: 80-1600
Распон на објективот: 28 – 102 мм
Минималната макроодалеченост: 2 см
Најдолгата експозиција: ½ секунди
Најкратката експозиција: 1/2000 секунди
Најголема резолуција на видео записот: 640 x 460 со 30 слики во секунда
Мемориска картичка: xD Picture Card
Дијагонала на LCD: 2,7 инчи
Тежина: 203 г
Димензии: 93,2 x 61,4 x 21,3 мм

http://www.kajgana.com/statija_2097.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com