Шоубизнис

» поопширно



Вештачки панкреас за неколку години

Понеделник, 04.08.2008

Истражувачите од Кембриџ се блиску до создавањето на вештачки панкреас. Научниците веруваат дека досегашните два оддвоени процеси - константното мерење на глукозата и вбризгувањето на инсулин, наскоро ќе ги сместат во едно "пакување".

Вештачкиот панкреас користи мала цевка за вбризгување на инсулин која е прицврстена за мускул или стомакот. Предноста на новиот уред е што самиот ги чита резултатите од мерењата и ја активира пумпата, наместо како сега - самиот пациент.

Тимот научници го започна тестирањето кај пациенти со дијабетес од тип 1 - автоимуно заболување кај кое организмот по грешка ги уништува клетките на панкреасот кои создаваат инсулин.

"Вештачкиот панкреас значително ќе ја намали потребата за анализа на крвта и вбризгувањето инсулин, на што дијабетичарите се подложени по неколку пати во текот на денот", изјаи доктор Роман Ховорк од Универзитетот во Кембриџ кој ги тестира експерименталните уреди.

http://www.kajgana.com/statija_2098.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com