Шоубизнис

» поопширно



Лени го запали Охрид

Понеделник, 04.08.2008 | 10:20
Даница Ангеловска

Вчера на стадионот “Билјанини извори” се одржа долгоочекуваниот концерт на најголемата рок ѕвезда видена во Македонија - Лени Кравиц.
Овој концерт беше дел од неговата светска турнеја, на која го промовира својот седми албум “It’s time for a love revolution”. Од тука, турнејата ја продолжува во Будва (Црна Гора), а истата ќе трае се` до ноември.

Охрид беше преполн со над 30 000 туристи, од кои повеќето беа тука само за концертот. Лени пристигна еден ден претходно со пет големи камиони во кои беше сместена неговата опрема за звук и светло и осум автобуси во кои беа сместени тој со неговата ќерка и неговата екипа. Како што и самиот воодушевен изјави на концертот, тој слободен и прекрасен ден го поминал покрај езерото, уживајќи во природата и македонската кујна.

Настанот започна во 21часот како што беше најавено. На најголемата досега направена бина од 320m2, како предгрупа настапија Ареа, кои добро ја загреаа публиката со неколкуте нивни најпознати хитови. Откако заврши нивниот дел, тимот на Лени се погрижи да ја видоизмени бината со разоткривање на неговата опрема и додавање дополнителни инструменти.

По скоро еден час пауза, конечно на сцена излезе и тој. Публиката во истиот момент заборави на долгото исчекување и почна да го поздравува со громогласни аплаузи. Спектакуларниот концерт беше совршена целина од многуте стари и нови песни. Најголема еуфорија предизвикаа неговите незаборавни хитови American woman, Fly Аway како и Are you gonna go my way, која ја испеа за крај, по третото враќање на сцена од страна на обожавателите. Без здив ги оставаше сите додека пееше, но и кога играше и свиреше на својата гитара и пијано. Посебен спектакл беше и солото на тапанарот Ван Дер Билт, кој испадна ѕвезда на вечерта, се разбира после Лени.

Публиката посебно беше освоена од неговиот говор за љубовта и мирот, како и од неговото приближување, кога се симна од бина и се прошета сам помеѓу неа. Крадеше моменти на секоја пауза од пеење да се заблагодарува на добриот пречек и да изјавува љубов кон Македонија и Македонците, говорејќи како тука се чувствува како да е дома, бидејќи се` го потсеќало на неговите Бахами.

На концертот кој траеше два часа, присуствуваа над 10 000 обожаватели на Лени Кравиц од цела Македонија, но и од Србија, Албанија, Бугарија, Грција и Косово.

http://www.kajgana.com/statija_2105.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com