Шоубизнис

» поопширно



Неколку одлични причини за вежбање

Понеделник, 04.08.2008 | 10:40

Mрзливи сте, се чувствувате уморно и никако да почнете да вежбате. Но, доколку се потсетите дека со вежбањето ја подигнувате самодовербата, подобро спиете, па дури и дека сексуалниот живот ќе ви биде поквалитетен, вежбањето повеќе не би требало да ви е одбивно.

Еве неколку причини зошто вежбањето е добро:

Ја зголемува самодовербата
Вежбањето ќе направи да се чувствувате подобро во сопствената кожа и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Ќе ви даде елан да направите работи кои претходно не сте се осмелувале.

Добро влијае на сонот
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно вежбаат 30-40 минути дневно подобро спијат од оние кои само легачат.

Дава енергија
Редовното вежбање е клучно за одржување на оптималната енергија. Енергијата ќе ја подигнете со аеробик или возење велосипед, а ваквото вежбање е добро да се практикува наутро, а никако доцна навечер.

Го подобрува сексуалниот живот
Доколку вашиот кардиоваскуларен систем функционира добро, тогаш ќе имате и добар секс. Освен ова, вежбањето го поттикнува крвотокот во сите делови на телото, па така ја олеснува и сексуалната возбуда. Во секој случај, по вежбањето ќе се чувствувате подобро и ќе бидете расположени за секс.

Носи нови пријателства
Со одењето на вежбање ќе запознаете и нови луѓе, но и пријатели кои имаат исти интереси како и вие.

Го намалува стресот
Додека вежбате не мислите на проблемите, а телесната активност ви овозможува од себе да ја извлечете напнатоста.

Го продолжува животот
Доколку вежбате редовно, го намалувате ризикот од разни заболувања.

 

http://www.kajgana.com/statija_2106.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com