Понеделник, 04.08.2008 | 10:58
"Edge of Darkness" e називот на новиот филм во кој главните улоги им се доверени на актерските легенди Роберт Де Ниро и Мел Гибсон.
Филмот ќе го режира Мартин Кембел, кој зад себе ги има филмските хитови како "Goldeneye", "Vertical Limit" и "Casino Royale", a сценариото е на оскаровецот Вилијам Монахен.
Воедно, ова е и прва "вистинска" улога на Мел Гибсон од 2002 година, кога се појави во "We Were Soldiers".
Истовремено ќе се снима и ТВ серија. Снимањето почнува од крајот на август, додека датумот на премиерата сеуште е непознат.