Вторник, 05.08.2008
Никола Наумовски
Откако Nissan го превзеде Datsun во 1986, производството на легендарните јапонски возила престана, а во фабриките почнаа да се произведуваат делови за возилата на Nissan.

Но, по 22 години, Nissan, размислува за враќање на легендарниот Datsun 240Z повторно на пазарот, кој во далечната 1973 година беше најпопуларното купе во САД.
Nissan преку концептот Datsun XLink планира да го врати купето на старите патеки. Целта е да се комбинира уникатен дизајн и бројни иновации и карактеристики. Во возилото можат да се сместат 4 патници, а има и 380 литри багажен простор.

Сега за сега е познато дека во купето ке се вградува дизел-хибрид мотор. Една од карактеристиките е поврзување на сите сопственици на XLink, и договарање околу употреба на системите во возилото или возење заедно.
Колку е сериозен Nissan во намерите за сериско производство на овој концепт - останува времето да покаже.
