
Летото е идеално време за пливање во море или алкохол, па зависно од материјалната состојба и вкусот, многумина ќе одберат една од овие две опции за постигнување на душевниот мир во краткиот период на пауза од целогодишното ринтање.
Културата на пиење алкохолни пијалоци има глобален карактер, со исклучок на радикалните исламисти, кај кои наметнатата апстиненција често предизвикува потреба за разнесување со експлозив.
Како и за секоја слободна активност, и за уживањето во алкохолот важи златното правило дека квалитетот секогаш треба да е пред квантитетот: Умереното уживање во добрата чашка секогаш ќе биде посупериорно од ѕидарското наливање со полалитарски пива.
drinkoftheweek.com
Доколку си љубител на коктелите и сакаш квалитетно и плански да екпериментираш со самоуништувањето, тогаш препорачуваме да фрлиш поглед на илјадниците рецепти кои можеш да ги најдеш на овој сајт. Покрај рецепти, овде можеш да најдеш и водичи за сите аспекти на пиењето: од прирачници за планирање на забави, преку мини курсеви за бармени, до квалитетни начини за елиминација на мамурлукот.
drinkmixer.com
Сајт сличен на претходниот, чии автори се фалат со фактот дека поседуваат 16.300 рецепти за алкохолни и безалкохолни пијалоци. Овде можеш да најдеш и речник на неофицијалната и официјалната алко-терминологија, водич за успешни бармени и слично.
beerchurch.com
До какви граници може да стигне нечие обожавање на алкохолот сведочи и Црквата на пивото, интернационална псевдорелигија чија конгрегација поседува триесетина претставништва низ светот. Црквата на пивото не поседува дефинирани норми и ритуали, освен обожавањето на светиот Арнолд (не Шварценегер), чија прославена мисла "From man's sweat and God's love, beer came into the world" припадниците ја цитираат при молитвите.
potsdam.edu/hansondj/drinkinganddriving
Пијанство и возење моторни возила...ако за градење на ставот во врска со оваа комбинација не ти се доволни мермерните спомен плочи покрај патиштата, тогаш ѕирни го сајтов и дознај се што те интересира на пример за мешањето на вотка и Yugo 55. Покрај деталните анализи, овде ќе најдеш и детални студии и водичи за одвикнување од алкохолот.
Вторник, 05.08.2008