Среда, 06.08.2008 | 15:42
Обвинение против 11 хакери, за кои постои основано сомневање дека нанеле мултимилионска штета на банки и трговски фирми, покрена денес американскиот Секретаријат за правосудство.

Во обвинението се наведува дека хакерите користеле и препродале повеќе од 40 милиони броеви на кредитни и дебитни картички.
Само тројца од обвинетите се државјани на САД, останатите се од Естонија, Украина, Белорусија и Кина.
Против нив е поднесена кривична пријава за заговор, компјутерско ограбување, измама и кражба на идентитетот.
Тие на компјутерите на оштетените фирми успевале да инсталираат програми за регистрирање на броеви на кредитните картички, шифри, информации за банкарски сметки, по што истите ги користеле или ги продавале.