Шоубизнис

» поопширно



Актери кои не го дочекаа нивниот последен филм


Тупак Шакур: Познатиот рапер, на 25 години, во 1996. беше убиен во престрелка откако успешно го комплетираше снимањето на двата филма - "Gridlock'd" и "Gang Related", кои се појавија на платното наредната година.


Крис Фарли: Смешниот дебелко, за жал, почина по предозирање со дрога во 1997. Неговиот последен филм "Almost Heroes" беше презентиран следната година.


Брендон Ли: Синот на познатиот актер и фајтер Брус Ли, несреќно загина при несреќа на сцена за време на снимањето на филмот "The Crow", само осум дена пред да падне последната клапа.


Брус Ли: Најголемиот кунг-фу мајстор на сите времиња (бар на филмското платно) почина на 32 години од церебрална едема, еден месец пред излегувањето на неговиот последен филм "Enter the Dragon".


Џин Харлоу: Оваа американска актерка, која претставуваше секс симбол во 30-тите години, почина на само 26 години како последица на проблеми со бубрезите. Еден месец пред појавувањето на филмот "Saratoga" во 1937 година.


Џејмс Дин: "Rebel Without a Cause" се појави на филмските платна еден месец по смртта на Џејмс (24), кој несреќно го изгуби животот во сообраќајна несреќа во 1955.


Фил Хартман: Фил беше застрелан од неговата сопруга Брин Хартман, која потоа сама си го одзема животот. Убиството се случи во 1998, два месеци пред излегувањето на филмот "Small Soldiers".


Хит Леџер: Талентираниот Леџер најверојатно ќе добие оскар како посмртно признание за одличната изведба во "Batman: The Dark Knight" - филмот кој моментално ги руши сите рекорди на заработувачка по само неколку недели прикажување. Хит почина неколку месеци пред премиерата на филмот.


Мерилин Монро: Мерилинка почина во 1962, пред премиерата на "Something's Got to Give".


Спенсер Трејси:  Уште еден актер кој не ја погледна премиерата на својот посследен филм. Оскаровецот Спенсер Трејси почина на 67 години од срцев удар, по завршувањето на снимањето за филмот "Guess Who's Coming to Dinner".


Алаја: Популарната R&B ѕвезда го загуби животот во 2001, во авионска несреќа на Бахамите. Филмот кој беше издаден по нејзината смрт е насловен "Queen of the Damned".


Џон Кенди: Познатиот канадски комичар почина во сон, одмарајќи се од снимањето на "Wagon's East". Уште еден негов филм беше издаден по неговата смрт - "Canadian Bacon".


Гери Купер: Легендата на вестерните си замина во 1961, само еден месец пред премиерата на британскиот филм "The Naked Edge".

http://www.kajgana.com/statija_2166.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com