Четврток, 07.08.2008 | 12:06
За кремите за сончање да бидат ефективни треба да штитат од UVB и UVA зраците. Половина од кремите на европскиот пазар пружаат половична или сосема недоволна заштита. Читајте ги етикетите.

Истражувањето на британската агенција за истражување на пазарот "Мintel" спроведено во Европа, покажува дека помалку од половина од 750 производи кои се лансирани на пазарот во 2007 година пружаат комбинирана UVA и UVB заштита.
Заштитата од двата вида на зраци е многу важна. Додека UVB зраците предизвикуваат кожата да изгори на сонцето, UVA зраците пробиваат длабоко во ткивото, што предизвикува прерано стареење на кожата и во екстремни случаи - мутација на клетките на кожата.
"Многу луѓе не сфаќаат дека доколку имаат само UVB заштита, имаат помала веројатност дека ќе изгорат, но немаат заштита од штетниот ефект на UVA зрачењето кој предизвикува малигна трансформација на кожата. За кремата да биде ефикасна, треба вистински да штити од UVA и UVB зрачењето", вели Александра Ричмонд од компанијата која го изврши истражувањато.
"Многу луѓе кога купуваат крема го гледаат само заштитниот фактот и мислат дека тоа им е доволно", вели Нина Гоад од британското здружение на дерматолози.