Сабота, 09.08.2008
Филип Петрески
На 50-годишна возраст почина актерот и комичарот Берни Мек. Овој одличен актер имаше неколку номинации за Еми и Златен Глобус.
Официјално, тој починал рано изутринава во болница во областа на Чикаго по компликации настанати од пневмонија.
Берни Мек боледуваше од саркоидно воспаление на белите дробови, кое влијае за општо лошата состојба на речиси сите витални органи, но пред три месеци тој самиот изјави дека се чувствува одлично.
Мек глумеше во големи блокбастери како "Ocean's Eleven“, "Bad Santa“, "Charlie's Angels", "Transformers" и "Mister 3000".
Ќе биде запаметен како извонреден актер со ретко добра и препознатлива харизма. Неговите дела говорат за огромниот придонес во филмската индустрија. Денес човештвото се збогува со голем актер и пред се - човек.