Понеделник, 11.08.2008
Легендарниот американски хеви метал бенд добива сопствена радио станица во САД, која ќе започне да емитува програма од наредниот викенд, објави познатиот музчки магазин NME.

Радио станицатa ќе постои шест недели, а ќе емитува ретки живи снимки од личните архиви на членовите на бендот, интервјуа и музика од каталогот на бендот.
Членовите на Металика Џејмс Хетфилд, Ларс Улрик, Кирк Хамет и Роберт Трухиљо ќе бидат водители на програмата која започнува на 16-ти август.
Новиот долгоочекуван албум на култниот хеви метал состав насловен како "Death Magnetic" ќе се појави во продажба од 12-ти септември. Последниот албум "St. Anger", Meталика го објави во 2003 година.