Шоубизнис

» поопширно



Апликација за идиоти

Понеделник, 11.08.2008

Програмчето I Am Rich e eдна од бројните апликации за iPhone, но се разликува од другите што апсолутно не служи за ништо. Ах, да - и чини 999,99 долари, а Apple одлучи да ја тргне од својата он-лајн продавница.

Сопствениците на iPhone имаат можност да купуваат апликации наменети за нивниот уред преку услугата App Store. Моментално, во базата на App Store се наоѓаат околу 1.000 различни апликации, од кои неколку се бесплатни, додека за другите треба да се издвои одредена количина залени банкноти. Понудените апликации се изработени од Apple Или од независни програмери.

999,99 долари за една апликација, што е најголем износ кој некој од програмерите може да го наплати од корисниците, одлучија да потрошат осуммина сопственици на iPhone - шест будали од САД, еден Германец и еден корисник од Франција. Ништо необично во тоа, но дефинитивно необично станува кога ќе ви кажеме дека апликацијата под називот I Am Rich не служи апсолутно за ништо.

Корисниците кои одлучиле да ја купат, добиле црвено иконче кое дреме на дното на нивниот дисплеј, а доколку се кликне на неа, на дисплејот се појавува џиновски дијамант кој го известува корисникот дека е богат.

Apple одлучи да ја тргне апликацијата од понудата, а ова го потврди и германскиот програмер кој ја изработил апликацијата, кој изјави дека "не му е јасен потегот на Apple и дека во ниту еден момент со својата апликација не ги прекршил правилата на Apple за понудата на апликации за iPhone".

http://www.kajgana.com/statija_2226.html

Македонија заслужува безвизен режим и влез во НАТО
20.11.2008 | 15:51
Од џамија во Градец украдени 35 илјади евра
20.11.2008 | 15:50
Падна законот за посебните права на бранителите
20.11.2008 | 15:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com