Шоубизнис

» поопширно



Мадагаскар

Понеделник, 11.08.2008
Даница Ангеловска

 

Мадагаскар, Црвениот остров, Осмиот континент... oва се неколку од имињата на четвртиот по ред најголем остров на светот, кој заедно со своите неколку помали островчиња има површина дупло поголема од површината на државата Аризона.

Мадагаскар се наоѓа на Индискиот океан, југоисточно од Африка и на 400 km од Мозамбик. Неговата површина изнесува 587.041 km2, а само 4,41 % од неговото плодното земјиште се користи за обработување. Брои 20.042.551 жители, од кои поголемиот дел живеат во градовите Антсираб, Махајанга и Тоамасина. Островот Мадагаскар е дом на 5% од сите растенија и животни во светот, од кои повеќе од 80% се негови ендеми т.е. растат и живеат само тука. Во нив спаѓаат лемурите, мајмуните примати, месојадните фоси, три ретки видови на птици, како и шест видови на дрвото баобаб.

Кристалните карпи се во најголем број составен дел на овој остров. Но, тој генерално се опишува како висока рамнина, која се воздигнува остро од малиот и едноставен источен брег и се спушта постепено до венецот од седиментни карпи, долж западниот брег. Високата рамнина е многу кривулеста на источниот раб, засечена со длабоки клисури и водопади. Таму има и многубројни вулкани, а меѓу нив највисок е Тсаратанан.

Источниот брег на Мадагаскар е скоро целосно рамен и има малку цврсти подлоги. Позади неговите корални плажи има скоро непрекината линија на лагуни, кои се простираат од Фоулпоинт до Фарафрандана.

На Мадагаскар живеат различни етнички групи - Индонезијци, Французи, Африканци, Азијци и Арапски потомци. Како и повеќето поранешни колонијални земји, така и оваа поминала преку повеќе политички состојби како востанија, привремени влади, едно-партиски влади, закани за отцепувања и сл. Уште од 16-от век, француското и британското влијание оставиле трага на овие острови. Со независноста од нив, островот Мадагаскар се здобил на 26-ти јуни 1960-та, во 1975-та бил преименуван во Демократска Република Мадагаскар, а Република Мадагаскар во 1993-та година.

Денес, оваа сиромашна земја има бавен, но сигурен економски и политички развој. Официјалните јазици на овој остров се мадагаскарскиот и францускиот, а често се користи и англискиот. Климата на овие острови е тропска покрај крајбрежјето, умерена кон внатрешноста и сува на југ, со периодични циклони.

Главен град на Република Мадагаскар е Антананариво со популација од 1.808.000 жители, сместен на искривената долина, блиску до центарот на островот.

Најголеми атракции во него се шареноликиот дневен пазар за цвеќиња, кој се наоѓа на работ на езерото Аноси и ботаничките и зоолошки градини, каде што можете да видите јајце и скелет од три метри на изумрен вид на ној, или на најголемата изумрена птица, наречена слонова птица.

Тана, како што најчесто го нарекуваат овој град, има невообичаена француска и азиска архитектура, спирални улици и скалила со калдрма, кои заедно креираат слика на град од средниот век.

http://www.kajgana.com/statija_2228.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media