Понеделник, 11.08.2008 | 11:45
Koга била објавена книгата "Милион" на Марко Поло, објавена во затворот во Џенова и напишана на старофранцуски јазик (1295-1299), во која ги опишува своите патувања во Кина, започнал и силниот интерес на Европјаните за оваа земја - но, завршил и средниот век, а започнала ренесансата. Преку Патот на свилата, остатокот на светот запознал и асимилирал многу кинески изуми. Толку многу, што не сме ни свесни што се и должиме на Кина.
Барут - од војни до веселби
Барутот е смеса од калиумов нитрат, јаглен и сулфур. Го измислиле кинеските алхемичари барајќи го еликсирот на бесмртноста, а се спомнува уште во еден кинески воен прирачник од 1044 година како запаливо средство користено во битките. Кинезите уште во 12-ти век имале професионални пиротехничари кои правеле огномети и произведувале прскалки, со кои ги бркале злите духови и ги развеселувале децата.
Картографија
Компасот, хартијата и печатењето се темели на развиеното картографско опишување на патувањата од Кина до далечните земји. Најстарата карта која на лист хартија со безброј детали потекнува од четвртиот век пр.н.е, кога во Кина веќе постоеле цртачи на карти. Адмиралот Зенг Хе (1371-1433), моќен царски војсководец, картограф и истражувач од династијата Минг, од чија флота се плашеле од Пацификот до југот на Африка, а го познавал скоро целиот свет.

Компас
Во книгата на Учителот од Ѓаволската долина од четвртиот век пр.н.е се спомнува "камен од рудникот кој привлекува железо". Во дваесеттата година од нашата ера, авторот Лун Хенг спомнува направа во која "металната лажица покажува кон југ". Првиот кој овој феномен го користел за "ориентација преку ноќ, магла, на копно и на море", во 1088 година бил дворскиот научник Шен Хуо, кој воедно опишал како со триењето на игла од природен магнет изработил уред кој ги покажува страните на светот.

Како знаењето побрзо да се шири? Хартија
Во записите од династијата Хан од 202-220 година се опишува дека Цаи Лун ја измислил постапката за изработка на хартија, која потоа се чувала во тајност.
Порцелан - кога културата станува цивилизација
Керамиката - печењето предмети од обликувана глина, позната им била на сите култури уште од раниот стадиум, но порцеланот е возвишен знак - потреба да се има префинет бел провиден сад, или украсни плочки од племенита глина - каолин. Кинезите го разликуваат порцеланот од грнчарството веќе 11.000 години. На неговата деликатност и суптилните украси им се восхитувале Арапите во 8-от и 9-от век, а од 12-от век Кина масовно го извезува во Европа. Европјаните го откриваат сопствениот порцелан дури на почетокот на 18-от век, фрустрирани што стаклото - европскиот изум, бледее пред префинетоста на кршливите садови од Кина.

Вештината на војување, или измислувањето на поимот стратегија
Како да си поставиш цел и да ја оствариш? Кои се резервните варијанти, можностите да тргне наопаку и дали сепак неповолната ситуација да се претвори во остварување на целта - ова се темите со кои во 13 поглавја се занимавал Сун Цу, во еден од најстарите воени прирачници, во делот "Уметност на војување". Книгата е пишувана во 6-от век пр.н.е, а многумина и денес ја сметаат не само за изум на поимот стратегија, туку и заокружен прирачник за остварување на било која цел, на кој нема што ново да му се додаде.. на француски јазик, прв од европските, го превела Жан Жозеф Мари Амои во 1782 година.

Свила
Се претпоставува дека Кинезите ја ткаат свилата веќе 8.000 години, а со сигурност ја носат вече 5.000 години. Блескавиот текстил од протеински влакна на почетокот служел за облекување на царевите и дарување на уважените гости. Комплицираните техники на предење, боење и ткаење се развиени пред 2.500 години, а најстариот доказ за кинеската трговија со свила е египетска мумија намотана во свила околу 1.070 година пр.н.е. Во Европа, дошла 2.000 години подоцна.

Како знаењето да се шири уште побрзо? Печатење
Не земајќи ги во предвид жиговите, кои во Кина отсекогаш го заменувале потписот, најстарата целосно со дрвен печат на хартија отпечатена и размножена книга денес е будистичката (на фотографијата) од династијата Танг (690-705). Веќе спомнатиот Шен Хуо во својата славна книга Есеите од рибникот на соништата ја опишал постапката на печатење со помош на подвижни, повторно употребливи печати, стегнати во цврста рамка.
