Шоубизнис

» поопширно



Чекор до невидливоста

Вторник, 12.08.2008 | 09:50

Истражувачите од Универзитетот Калифорнија тврдат дека се само на чекор до целосно производство на материјал кој луѓето ќе ги прави невидливи. Материјалот може да ја свие светлината околу 3Д предмети и со тоа да направи да "исчезнат".

Материјалот не постои во природата, туку е создаден на нано-ниво и е со големина од милијардити дел на милиметарот, пренесе Би Би Си.

Истражувачкиот тим тврди дека со овој материјал би можело да се изработи невидливо одело, доволно големо да "крие" луѓе.

Системот функционира на принципот по кој водата тече околу карпите, велат истражувачите. Бидејќи предметот не апсорбира, ниту рефлекрира светлина, човекот ја гледа единствено светлината која се наоѓа позади предметот, што го прави невидлив.

Новиот материјал има негативна рефлективност и повеќеслојна структура на "рибарска мрежа" која е проѕирна во широк распон на бранови должини.

Истражувањето, кое го финансирала американската влада, еден ден би можело да се користи и во воени операции, поточно за војници и тенкови кои би исчезнувале пред непријателот.

http://www.kajgana.com/statija_2254.html

Нокаут историја Лара Крофт, издание 2009

Meeblings Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball
BucketBall Frustration Xmas Contrast Cannon

Машка љубов Спајдермен Брзи и глупи
Rail-job Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2009 Kajgana Media