Среда, 13.08.2008 | 12:47
Иако се најавуваше дека Том Круз во трилерот Edwin.A. Salt ќе го замени Вил Смит, продуцентите се одлучија на радикален потег - на главниот лик му го сменија полот и ја ангажираа Анџелина Џоли.
Со проектот Edwin A. Salt, на кој сега ќе мораат да му го сменат и називот, долго се поврзуваше Том Круз, но според пишувањето на Variety, во главната улога сепак ќе се појави Анџелина Џоли.
Сценаристот Курт Вимер пораи новиот момент ќе мора да го преправи сценариото и да го прилагоди за женски главен лик.
Трилерот во режија на Филип Нојс (Патриотски игри, Собирач на коски) се занимава со агент, односно агентка на ЦИА, која се обидува да докаже дека не е руски шпиун кој планира да изврши атентат на американскиот претседател.
Ова е најверојатно прв случај во главната улога да се заменат големи ѕвезди со спротивен пол, а сеуште не е познато зошто Том Круз испадна од игра.