Четврток, 14.08.2008 | 11:24
Како последица на секојдневниот раст на цените на горивото и сообраќајните гужви, Тоyota реши малку да се позанимава и со (буквално) личниот транспорт, па добропознатиот Segway доби конкурент - Toyota Winglet.
Освен како оргинално средство за маркетиншка промоција или идеален превоз низ саемски хали, Segway не успеа да заживее како превозно средство за масовна употреба.
Но, добрата идеја треба да се развива подалеку, а тука се појавија кои други ако не Јапонците. Па така, Toyota на саемот во Женева ја прикажа својата визија за личен транспортер наречен i-Real, а сега излегоа во јавноста и со готов производ кој е многу поедноставен.
Управувањето е слично како и кај Segway, а постојат три верзии: L за нормално високи, М за ниски и деца, додека спортски настроените ќе имаат оргинално дизајниран Winglet S кој се управува само со нозе.
Toyota Winglet би требало да развива бризина од 6 км/ч. Цените сеуште не се познати.
