Четврток, 14.08.2008 | 12:17
Роботот кој функционира благодарение на вистински минијатурен мозок составен од неврони на стаорец е способен да научи и сложени однесувања како избегнување на препреки.
Биолошкиот мозок на роботот наречен Гордон е составен од неврони на стаорец, вградени на шеесетина електроди.
"За 24 часа се воспоставија врските и создадоа мрежа како во нормален мозок. За една недела се случија спонтани електрични импулси, што делува како вообичаена мозочна активност. Ја употребивме оваа реакција за да го поврземе мозокот на роботот со електродите. Мозкот сега го контролира роботот и тој учи со повторување", објасни Кевин Ворвик од тимот на Универзитетот Ридинг од Англија.
"Кога роботот ќе удри во ѕид, мозокот прима стимулација и учи да ја заобиколи препреката. Во мозокот на Гордон сега има помеѓу 50.000 и 100.000 неврони", дообјасни Ворвик. Стаорците имаат повеќе од милион неврони, а човекот околу 100 милијарди.
Како и кај луѓето, доколку мозокот на Гордон не биде постојано стимулиран ќе се опушти, а со стимулациите се зајакнува. Мозкот на Гордон е поедноставена верзија на тоа што се случува во човековиот мозок, заклучи Ворвик.