Шоубизнис

» поопширно



Салзбург, градот на Моцарт

Петок, 15.08.2008 | 13:41
Даница Ангеловска

Салзбург е вториот град по големина во Австрија и главен град на истоимената покраина, со популација од 150.000 жители. Покраината се граничи со четирите австриски покраини Горна Австрија, Штајерска, Корушка, Тирол, како и со германската Баварија, а на југ со Италија. Зафаќа површина од 7.155km2, односно 8,5% од вкупната површина на Австрија.

Градот Салзбург е родното место на Волфганг Амадеус Моцарт, поради што изобилува со богат музички живот, на кој славниот композитор денес би бил горд. Тука се одржува фестивалот “Салзбург”, кој се смета за еден од најважните музички фестивали во светот, а покрај него се случуваат уште околу 4.000 културни настани, од кои повеќето се музички. Овој град изобилува со прекрасни музеи и галерии, но и со активен ноќен живот.

Салзбург се наоѓа на 300 km од Виена, на самата граница со Германија. Се наоѓа на реката Салзач, опкружен е со планини и се дели на стар и нов град. Во стариот град се наоѓаат преубавите катедрали изградени во готски и барокен стил, од кои некои датираат од пред десеттиот век. Поради тоа, овој град во средниот век бил наречен Северен Рим. Во втората светска војна многу од овие единствени градби за жал биле уништени. Симбол на градот е старата тврдина Хоченсалзбург, која се наоѓа на ридот Мочснберг и се гледа од сите делови на градот. Таа некогаш го граничела и бранела градот, а денес е важна туристичка атракција.

Улиците на градот се поплочени со камен, поврзани со кратки премини кои водат до елегантни и заштитени продавници, а на секој чекор можете да наидете на прекрасни примери на архитектура. Денешниот изглед на Салзбург датира од 16 до 18 век, кога започнала трансформацијата од средновековен во барокен град. Од 1997-та година, неговата стара градска градба е на листата на заштитени културни дела на УНЕСКО.

Во името на градот се наоѓа германскиот збор за сол (Salz), што ни кажува дека во околината на овој град се наоѓаат рудници за сол, кои по повеќевековното ископување се затворени. Во буквален превод, Салзбург значи дворец или тврдина од сол.

Покрај сета негова убавина и уникатност, градот сепак е најпознат по тоа што во него своето детство го поминал Моцарт, кој се родил во 1756-та година. Неговата родна куќа (Гебуртшаус) која денес е претворена во музеј, се наоѓа близу до центарот на градот и е причина за доаѓањето на над 7 милиони туристи од цел свет преку целата година. Во чест на 250 години поминати од неговото раѓање, на почетокот на 2006-та година во Салзбург е одржан голем концерт.

Величественоста и разностраноста на Виена, драматично се разликуваат од интимниот шарм и романтичноста на Салзбург, со неговите замоци како од бајките, грандиозни цркви, палати и плоштади. Атрактивниот стар град најдобро може да се разгледа со пешачење. Само така може најубаво да се доживеат фантастичната архитектура на градот, најпознатите негови обележја, наспроти ексклузивните бутици и удобни кафетерии, сместени помеѓу витките улички и симпатичните дворови. Посебно восхитувачки се прошетките до блиските езера и планини или пловењата по импресивните градини и водни обележја на замокот Хелбрун.

Зимските спортови привлекуваат поголем број од туристите со познатите ски центри како што се Китцбухел и Зел ам Си, а езерата, чистиот воздух и ливадите преполни со цвеќа, го прават овој град со својата околина прекрасна дестинација за одмор преку целата година.

http://www.kajgana.com/statija_2331.html

Тројца полицајци си "наплатиле" 150 евра од странски возач
20.11.2008 | 13:33
Будистички монах силувал британска туристка
20.11.2008 | 13:27
Регионален економски форум на претседателите од ЈИЕ
20.11.2008 | 10:42

На базен Eva Wyrwal

Битка на микробите Mirror Edge 2D QWOP
Offroad Madness Small Arms Super Stacker

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com